• четврток, 26 декември 2024

Завршен настан за твининг проектот „Градење на институционалниот капацитет на Истражниот центар”

Завршен настан за твининг проектот „Градење на институционалниот капацитет на Истражниот центар”
Скопје, 17 февруари 2022 (МИА) - Настан по повод завршување на Твининг проектот „Градење на институционалниот капацитет на Истражниот центар“ финансиран од Европската Унија ќе се одржи денеска во хибриден формат преку Зум платформата. Проектот, како што соопшти Јавното обвинителство, се спроведе во текот на последните две ипол години, а беше поддржан од германската Фондација за меѓународна правна помош (IRZ), во партнерство со Министерството за правда на Република Хрватска и тесна соработка со Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Министерството за правда, Управа за финансиската полиција и Царинска Управа. На настанот, како што најавија од ЈО, ќе се обратат министерот за правда Никола Тупанчевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, евроамбасадорот Дејвид Гир, јавниот обвинител Љубомир Јовески, како и амбасадорките на Германија и на Хрватска во земјава Анке Холштајн и Нивес Тигањ. мс/са/    

Остани поврзан