• четврток, 19 декември 2024

Завршен настан за проектот „Соработка за дигитална демократија“

Завршен настан за проектот „Соработка за дигитална демократија“

Скопје, 27 јуни 2023 (МИА) - Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) денеска, на завршен настан, ќе ги соопшти резултатите од проектот „Соработка за дигитална демократија“ што го спроведуваше со Шведскиот катастар (Лантматериет). 

АКН и Лантматериет во 2018 година добија финансиска поддршка од Шведската меѓународна развојна агенција за имплементација на проектот чија цел беше да придонесе и да влијае врз зајакнувањето на капацитетите во Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, со развиени деловни практики, со овозможена размена на високо-квалитетни и ажурирани дигитални податоци, а преку нови и подобрени услуги во зајакната демократија, како придонес кон непречена ЕУ интеграција и подобрени услови за живот на сите жители на Северна Македонија.

Донацијата беше 23 710 406 шведски круни. Проектот се имплементираше во периодот 2019 - 2023 година, со пет компоненти: Воспоставување единствен, точен и одржлив систем на Адресен регистар; Воспоставување, развој и одржување на модерна геодетска инфраструктура; Одржлива организација на ИКТ-секторот во АКН; Национална инфраструктура на просторни податоци (НИПП) со ажурирани, точни и добро одржувани просторни податоци; Скенирани и дигитализирани архивски документи.

Поздравни обраќања, на почетокот на настанот ќе имаат амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Јаин и генералниот директор на АКН Борис Тунџев. мч/дма/

 

Остани поврзан