• среда, 18 декември 2024

Завршен митинг на коалицијата ,,Најдоброто за Берово"

Завршен митинг на коалицијата ,,Најдоброто за Берово
Берово, 15 октомври 2021 (МИА) - Со завршен митинг во село Русиново, актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат од СДСМ и коалицијата, Звонко Пекевски означи крај на изборната кампања за неделните Локални избори. За еден мандат Пекевски наброи дел од проектите кои како прв човек на Берово ги реализирал во село Русиново.
-Ја проширивме канализациона мрежа, асфалтиравме повеќе улици од било кога, инвестиравме во училиштето со подобрување на условите, рече Пекевски.
Најави продолжување со исто темпо и со новата програма каде се предвидени значителен број проекти за Русиново.
-Ветуваме дека ќе продолжиме така, бидејќи така најдобро знаеме, дополни Пекевски.
Кандидатот за втор мандат ги покани масовно сите жители на Русиново, во недела на 17 октомври да излезат, да го заокружат бројот 12 за градоначалник и бројот 12 за листа за советници, бидејки како што фибишиташе12 е за развој, за нови детски градинки, паркови и нови инвестиции. вс/са/

Остани поврзан