• среда, 18 декември 2024

Завршен буџетски форум за 2025 година во Општина Центар

Завршен буџетски форум за 2025 година во Општина Центар

Скопје, 17 декември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски ги поканува граѓаните на вториот и завршен буџетски форум за 2025 година, што ќе се одржи денеска во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. 

Овој форум, посочува Герасимовски, претставува можност граѓаните активно да учествуваат во креирањето на буџетот, при што заедно ќе се разгледа и дефинира финалната листа на приоритети за следната година.

-Финалниот форум е шанса сите заедно да дискутираме за стратегијата за наредната година и да ги разгледаме нацрт-програмите за 2025. Преку овој вид транспарентност и отчетност, обезбедуваме поправеден и поодговорен начин на трошење на општинските средства, слушајќи ги приоритетите на нашите жители, порача Герасимовски.

На форумот ќе бидат презентирани капиталните проекти планирани за 2025 година, а граѓаните ќе имаат можност да предложат свои иницијативи и проекти. За оние кои немаат можност да присуствуваат, Општина Центар обезбеди онлајн анкетен прашалник, како и алатката „Мој Буџет,“ која овозможува транспарентен увид во проекцијата на приходите и расходите за следната година. цр/мд/

Фото: Општина Центар

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан