• вторник, 24 декември 2024

Завршено снимањето на долгометражниот игран филм „Празникот на хризантемите“

Завршено снимањето на долгометражниот игран филм „Празникот на хризантемите“
Скопје, 7 април 2021 (МИА) - Во земјава заврши снимањето на долгометражниот дебитантски игран филм „Празникот на хризантемите“ („Chrysanthemum day“) на младиот украински режисер Симон Мозгави во продукција на „Mainstream Pictures LLC“ од Киев, Украина, а македонска ко-продукција е ОПИУМ Филм претставен од страна на Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов, информираат продуцентите. Тие информираат дека дел од сцените на филмот биле снимени во Спомен костурница-Велес и Македониумот во Крушево. - По повеќемесечни подготовки и изградба на комплексна сценографија во Велес и во Крушево, снимањето на филмот траеше десет дена, велат од ОПИУМ Филм. Оттаму појаснуваат дека филмот е научно фантастична-дистописка драма, за односите помеѓу млада лекарка и нејзиниот пациент стара „жена-цвеќе“, позната како исцелител која мистериозно преживува нуклеарна експлозија, но целосно ја изгубила меморијата и идентитетот. Филмот го следи патот на нејзиното враќање на меморијата. - На овој филм како прв од овој жанр што се снимаше во РСМ, во тешки временски услови и по сите протоколи за заштита за време на пандемија од Ковид-19 учествуваа над дваесетина филмски професионалци од Македонија и над тресет филмски автори и работници од Украина, велат од ОПИУМ Филм. Од продукентската куќаа додаваат дека филмот ќе се снима на повеќе етапи на локации во Украина, РСМ, Босна, Србија и Хрватска. -„Празникот на хризантемите“ е меѓународна ко-продукција помеѓу Украина, РСМ, Србија и Хрватска. Моментално филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Украина. Дел од постпродукцијата на филмот ќе се работи во РСМ, соопштуваат од ОПИУМ Филм. ир/сп/

Остани поврзан