Завршена фекалната канализација – следува нов водовод на улицата „Дижонска 17“
- СООПШТЕНИЕ

Скопје, 10 април 2025
Општина Чаир со посветеност продолжува со реализација на инфраструктурни проекти кои директно влијаат на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
На улицата „Дижонска 17“ успешно е завршена изградбата на новата фекална канализациона мрежа во должина од 180 метри, со што значително се подобрува инфраструктурата за 35 домаќинства во овој дел од општината.
Во моментов се во тек подготвителни активности за наредната фаза – инсталација на нова водоводна мрежа, која ќе овозможи стабилно и квалитетно водоснабдување за жителите на оваа населба.
Овој проект е дел од стратегијата на Општина Чаир за изградба на модерен и функционален јавен инфраструктурен систем во секоја населба, заснован на реалните потреби на заедницата.
Градежните активности се реализираат согласно динамичниот план и ќе продолжат со полн интензитет до завршување на сите фази од проектот.
Општина Чаир останува посветена на одржлив урбан развој и на континуирано подобрување на условите за живеење на сите граѓани.
Општина Чаир
Фото: Општина Чаир
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.