• сабота, 23 ноември 2024

Заводот за статистика ќе ги презентира проекциите за населението до 2070 година

Заводот за статистика ќе ги презентира проекциите за населението до 2070 година

Скопје, 15 декември 2023 (МИА) - Државниот завод за статистика денеска ќе ги презентира проекциите за населението до 2070 година.

На настанот, што ќе се одржи во Собранието на Република Северна Македонија, најавено е обраќање на претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и директорот на ДЗС, Апостол Симовски.

Промотори ќе бидат д-р Горан Пенев, меѓународен експерт и Јане Крстевски, експерт од Државниот завод за статистика. дма/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан