• четврток, 26 декември 2024

Забранет риболовот на Калиманско Езеро

Забранет риболовот на Калиманско Езеро

Македонска Каменица, 3 мај 2023 (МИА) - Воведена е забрана за ловење риба на Калиманско Езеро. Забраната стапува на сила од денеска и ќе трае до 2 јуни 2023 година, информираа од здружението „Шаран“ од Македонска Каменица.

-ЗРСК „Шаран“ ги известува сите риболовци дека од 3.05 до 2.06.2023 година на езерото Калиманци воведена е забрана за риболов. Забраната важи за сите видови на риба освен за видовите караш и белвица, што значи ќе биде дозволен риболов со една трска со една јадица од брег без употреба на чамец и 200 метри подалеку од уливите на Каменичка река, Брегалница, Луковичка и Рибничка река. Риболовот на наведените реки е целосно забранет, а како што додадоа оттаму ќе биде дозволен само дење, додека во ноќниот период ќе биде забранет, информираа од ЗРСК „Шаран“. 

Доколку се утврди непочитување на забраната по било кој основ, против несовесните рибари како што додадоа од здружението ќе бидат поведени прекршочни постапки до Државниот инспекторат за земјоделство согласно Законот за рибарство и аквакултура.

-Секој риболовец доколку фати друга риба освен Карас и Белвица е должен веднаш да ја врати во водата. Воедно се известуваат рекреативните риболовци дека ќе биде зголемена контролата од МЗШВ, Државната риболовна контрола и активисти на ЗРСК Шаран, додадоа од каменичкото риболовно здружение. вс/мд/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан