• вторник, 24 декември 2024

Забранет влез во Кина на неколку американски официјални лица

Забранет влез во Кина на неколку американски официјални лица
Пекинг, 13 јули 2020 (МИА) - Официјален Пекинг денеска соопшти дека ќе забрани влез на територијата на Кина за американските сенатори Марк Руби и Тед Круз, конгресменот Крис Смит и амбасадорот за верска слобода Сем Браунбек поради критиките за политиката на владејачката Комунистичка партија кон малцинствата и верниците. Претставничката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Џунинг изјави дека „американските активности сериозно ги нарушиле кинеско-американските односи“ и дека Пекинг е решен да го зачува националниот суверенитет на Кина од надворешно мешање во земјата. - Кина и во иднина ќе има подготвен одговор во согласност со развојот на настаните, рече Хуа. паг/  

Остани поврзан