• среда, 27 ноември 2024

Забрането славење Божиќ и Нова година во рестораните во рамките на хотелите во Грција

Забрането славење Божиќ и Нова година во рестораните во рамките на хотелите во Грција
Атина, 16 декември 2020 (МИА) – За Божиќ и Нова година, односно на 24, 25 и 31 декември и на 1 јануари 2021 година, затворени ќе бидат рестораните што функционираат во рамките на хотелите во Грција, а за гостите ќе биде достапна само услуга во соба, соопштија од Генералниот секретаријат за трговија и заштита на потрошувачи од Министерството за развој на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Оваа одлука доаѓа откако грчките медиуми објавија дека дел од хотелите рекламираат дочек на Божиќ и Нова година, доколку се резервира соба, со оглед на тоа дека рестораните и кафулињата во рамките на хотелите се отворени, но само за гостите кои престојуваат. ср/

Остани поврзан