• петок, 27 декември 2024

Забранета неонацистичката група Нордадлер во Германија

Забранета неонацистичката група Нордадлер во Германија
Бон, 23 јуни 2020 (МИА) - Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер ја забрани десничарската екстремистичка група Нордадлер (Северен орел), јави Дојче веле. Групата е активна главнона Интернет. Од утрово на територијата на четири провинции се спроведуваат полициски акции.

„Десничарскиот екстремизам и антисемитизмот немаат место на Интернет“, напиша денеска на Твитер портпаролот на Министерството за внатрешни работи Стив Алтер.

Според Министерството за внатрешни работи, групата Нордадлер спроведува национал - социјалистичка идеологија и користи термини како „народна револуција“, „народна младина“, „народно општество“ и „народна преродба“. Нејзините членови го обожаваат Адолф Хитлер и другите нацистички водачи и користат симболи и речник типичен за нацистичкиот режим.

Оваа година ова е 20-ти случај на забрана за десничарска екстремистичка групи во Германија. паг/

Остани поврзан