• четврток, 26 декември 2024

Забрана за риболов на Калиманското Езеро

Забрана за риболов на Калиманското Езеро
Македонска Каменица, 23 ноември 2022 (МИА) - Од денеска во сила е забрана за риболов на Калиманското Езеро. Освен за езерото Калиманци, забраната за риболов ги вклучува Каменичка Река и Брегалница од вливот дo месноста Биглански Мост. - Забраната за риболов е поради повеќекратно порибување на водите на Калиманското Езеро. За престанок на забраната за риболов, риболовците ќе бидат дополнително известени, информираа од риболовното здружение „Шаран“ од Македонска Каменица. Во периодот на забрана, од здружението посочија дека контролата ќе биде засилена, а секое непочитување на забраната ќе биде санкционирано. вс/сх/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан