• четврток, 26 декември 2024

Забрана за камиони на потегот Охрид-Пресека-Кичево и обратно

Забрана за камиони на потегот Охрид-Пресека-Кичево и обратно
Скопје, 1 февруари 2022 (МИА) - Поради обилни врнежи на снег денеска во 10 часот воведена е забрана за движење на тешки моторни возила на потегот Охрид-Пресека-Кичево и обратно, информираат од АМСМ. Забрана за товарни моторни возила поради обилни снежни врнежи утрово од 08:30 часот има и на патните правци Кичево – Стража, Гостивар – Стража,  Маврово – Дебар, како и Струга-Ќафасан. аа/лв/

Остани поврзан