• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Забрана за движење на тешки моторни возила на Ѓавато

Забрана за движење на тешки моторни возила на Ѓавато
Скопје,10 јануари 2022 (МИА) - Поради врнежи од снег, вечерва од 20:30 часот е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот превој Ѓавато. Од АМСМ информираат дека поради превртено возило, денеска од 16:00 часот во прекин е сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Штип – Миладиновци. Забрана за сообраќај за тешки моторни возила има и на кракот Маврово – Дебар. мд/цр

Остани поврзан