Забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот премин Стража
- Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот премин Стража, информира ЈП „Македонија пат“.
![Забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот премин Стража](https://new.mia.mk/index.php/images/20221105191925_big_730x400_69.webp )
Скопје, 26 јануари 2021 (МИА) – Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот премин Стража, информира ЈП „Македонија пат“.
„Македонија пат“ апелира да се употребува задолжителна зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на овој патен правец. ки/скс/