• четврток, 26 декември 2024

Забрана за движење во околина на оштетен потпорен ѕид во Велес

Забрана за движење во околина на оштетен потпорен ѕид во Велес

Велес, 30 март 2023 (МИА) - Како резултат на оштетување на дел од потпорен ѕид од камен на улицата „Димче Димовски Кокошарчето“ во Велес, во непосредна близина на Стар Мост, позади станбена куќа и обрушување на дел од ѕидот, камења од различна големина, таа не е безбедна да се користи за пешаци и за возила на потегот од спој со улица „8 Септември“ до спој со улица „Стојан Јанаќиевиќ“, информираат од Општината.

Оттаму појаснуваат дека веќе поставиле неопходна сообраќајна сигнализација.

Во меѓувреме, како што додаваат, Општината ќе преземе активности за распишување на јавна набавка за избор на изведувач за реконструкција и санација на делот од оштетениот потпорен ѕид.

Поставената сообраќајна сигнализација за забрана ќе остане сè до моментот на завршување на градежните работи за реконструкција и санација на делот од ѕидот. Се очекува да биде саниран за најмалку 45 дена.

- Се замолуваат граѓаните да покажат разбирање и да ја почитуваат поставената сигнализација заради безбедност, апелираат од Општина Велес. ад/бд/

ФОТО: Општина Велес

Остани поврзан