• четврток, 05 март 2026

Забрана за две правни лица од Велешта да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

Забрана за две правни лица од Велешта да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

Скопје, 21 февруари 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство Струга предложи определување мерки на претпазливост -забрани на две правни лица од Велешта да ги посетуваат парцелите во селото Шум каде вршеле ископ и забрана да преземаат какви било работни активности на подрачјето.

Како што се наведува во соопштението, преземајќи истражни дејствија по наредба на Основното јавно обвинителство Струга за испитување на причините за загадувањето на водата од извориштето во селото Шум, истражните органи затекнале работни машини на две правни лица од Велешта кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите.

Поради сомненија за кривични дела – Незаконита експлоатација на минерални суровини од член 225-а и Загадување на водата за пиење од член 219 од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка веднаш доставил предлог за определување мерки на претпазливост – забрани на правните лица да ги посетуваат парцелите каде вршеле ископ и забрана да преземаат какви било работни активности на подрачјето.

-Основното јавно обвинителство Струга продолжува да презема дејствија за обезбедување докази и испитување на евентуална кривична одговорност во однос на енормното загадување на изворите во Шум од каде подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење, се додава во соопштението. ац/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан