• сабота, 23 ноември 2024

Забрана за влез и излез со јавен превоз во Куманово, препорака за редуцирање или затворање на фабриките и продавниците

Забрана за влез и излез со јавен превоз во Куманово, препорака за редуцирање или затворање на фабриките и продавниците
Скопје, 24 март 2020 (МИА) - Владата на денешната седница ја дополни одлуката за забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово, и им препорача на економските оператори со големи производствени и продажни капацитети во оваа општина да го приспособат своето работење со редуциран број на вработени, или целосно да ги затворат. -Со Одлуката за дополнување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење во општина Куманово, им се препорачува на економските оператори што имаат големи производствени и продажни капацитети на подрачјето на територијата на општина Куманово да го приспособат своето работење со редуциран број на вработени, имајќи ја предвид забраната за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железнички патнички јавен превоз или целосно да ги затворат производствените и продажните капацитети, соопшти Владата. Со оваа одлука, како што се наведува во соопштението, се задолжуваат Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје да подготват посебен план со екипи за да се преземат сите потребни мерки и активности за да се спроведе поголем број на тестирања на подрачјето на територијата на општина Куманово, со цел континуирана детекција и организација на следење на состојбата со бројот на инфицирани лица од коронавирусот, за поефикасен третман на истите, како и да се упати стручен медицински персонал и да се обезбеди техничка помош за потребите на Општа Болница – Куманово. Оваа одлука влегува во сила од 25 март годинава.бт/са/

Остани поврзан