• среда, 25 декември 2024

Забраната за движење се укинува вечерва на полноќ

Забраната за движење се укинува вечерва на полноќ
Скопје, 15 јуни 2021 (МИА) - Одлуката од денешната седница на Владата со која, почнувајќи од 16 јуни 2021 година, престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, стапува на сила од вечерва на полноќ. Од владината прес-служба информираат дека Одлуката ќе биде објавена во Службен весник пред полноќ и со тоа сите одлуки на Владата од денешната седница стапуваат во сила во 00:00 часот.фф/скс/

Остани поврзан