• сабота, 27 јули 2024

Забицер пред трансфер од Лајпциг во Тотенхем

Забицер пред трансфер од Лајпциг во Тотенхем
Лондон, 21 декември 2020 (МИА) – Играчот за врска на бундеслигашот Лајпциг, Марсел Забицер, е главна трансфер цел на менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, во јануарскиот преоден рок, јавија вечерва англиските медиуми. Според пишувањето на лондонски „Дејли Мејл“, цената што премиерлигашот ќе треба да ја плати за австрискиот репрезентативец е 50 милиони евра. Капитенот на Лајпциг, кој минатата сезона се најде во идеалниот состав во Лигата на шампиони, има важечки договор со бундеслигашот до јуни 2022 година. Неговиот трансфер во лондонскиот премиерлигаш, како што посочува „Дејли Мејл“ првенствено ќе зависи од тоа дали Тотенхем ќе најде заинтересиран клуб за својот играч за врска Танги Ндомбеле. ег/гт/

Остани поврзан