• среда, 25 декември 2024

Забележителни резултати на македонските натпреварувачки на јунските меѓународни коњички турнири

Забележителни резултати на македонските натпреварувачки на јунските меѓународни коњички турнири
Скопје, 2 јули 2021 (МИА) - На меѓународен турнир во Виена, Австрија одржан минатиот викенд, македонскиот репрезентативец и член на коњичкиот клуб Бравадос, Петар Милошевски, освои 5. место со грлото Надја без казнени поени во конкуренција на 30 натпреварувачи. Претходно, на Меѓународен турнир во Нови Сад, Србија, одржан на 12 и 13 јуни, Милошевски, исто така со грлото Надја освои 3. место. Љупка Аврамовиќ со грлото Колпо Гроссо Амазонка, репрезентативка од КК Бравадос, на турнирот во Виена беше трета категорија Амазоки, додека во Нови Сад освои две први места - категорија Аматери. Тука треба да се додадат и 1.место на јуниорката Ева Димитриевска репрезентативка со грлото Ерос од КК Бравадос и првото место во двата дена на сениорот Зоран Јовановиќ во конкуренција на млади коњи до 4 години Меланија Атанасовска јуниорска репрезентативка од КК Процес во првиот натпреварувачки ден во Нови Сад со грлото Калатус го освои 2. место без казнени поени, додека во категорија Амазонки, со грлото Влеут го освои 1. место. Вториот натпреварувачки ден во натпреварот во категорија јуниори, Атанасовска со грлото Влеут го освои 1. место без казнени поени, а во категорија сениори, беше петта. На турнирот во Софија од 17 - 20 јуни, Атанасовска се најде на 12. место со грлото Калатус без казнени поени од 70 натпреварувачи и на 18. место со грлото Влеут со 4 казнени поени  од вкупно 73 натпреварувачи од европски земји. зс/

Остани поврзан