• четврток, 26 декември 2024

Забавите во Даунинг стрит под лупа на Скотланд Јард

Забавите во Даунинг стрит под лупа на Скотланд Јард
Лондон, 25 јануари 2022 (МИА) - Скотланд Јард започна истрага за „настани“ во Даунинг стрит и Вајтхол во врска со потенцијални прекршувања на регулативата за коронавирус. Британскиот премиер Борис Џонсон се соочува со нов притисок поради социјални собири во неговите резиденции и канцеларии во Даунинг стрит во последниве две години, за време на забрана на собири со цел да се спречи ширење на Ковид-19. Според најновото откритие, во јуни 2020 година, околу 30 луѓе се собрале за да му подарат роденденска торта на британскиот премиер. - Фактот што сега истражуваме, не значи дека фиксни казни ќе има во секој случај и за секое инволвирано лице, изјави полицискиот комесар Дам Кресида Дик. бд/ссм/

Остани поврзан