• среда, 25 декември 2024

ЖФК Шкендија и ЖФК Атлетико утре во бараж за место во Првата женска фудбалска лига

ЖФК Шкендија и ЖФК Атлетико утре во бараж за место во Првата женска фудбалска лига

Скопје, 2 јуни 2023 (МИА) – Сезоната во македонскиот женски фудбал ќе биде комплетирана утре со баражот за пополнување на Првата женска фудбалска лига меѓу тетовска ЖФК Шкендија и битолски ЖФК Атлетико.

Бараж натпреварот ќе се одигра на тренинг центарот на ФФМ во Скопје со почеток во 13 часот.

Регуларниот дел од сезоната ЖФК Шкендија го заврши на деветто место и за опстанок во лигата ќе игра против ЖФК Атлетико, кој во доминантен стил без пораз го освои првото место во второлигашката конкуренција.

Шампионската титула ја освои ЖФК Љуботен и втора година по ред ќе биде македонски претставник во квалификациите за Лигата на шампиони.

Тимот од Тетово сезоната 2022/23 ја заврши со двојна круна откако претходно го освои и Купот на Македонија, совладувајќи го во финалето вицешампион ЖФК Каменица САСА со 4-0. ег/вг/

 

Фото: ЖФК Атлетико/Фејсбук

Остани поврзан