• среда, 25 декември 2024

Жрепката за осминафиналето во ЛШ утре во Нион

Жрепката за осминафиналето во ЛШ утре во Нион
Нион, 6 ноември 2022 (МИА) - Со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион утре напладне ќе бидат одредени двојките за осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ). Пласман меѓу 16. најдобри обезбедија по четири англиски и германски екипи, три од Италија, две од Португалија и по една од Шпанија, Белгија и Франција. Жрепката од групата на носители ја чекаат Баерн Минхен, Бенфика, Челзи, Манчестер Сити, Порто, Реал Мадрид и Тотенхем, додека во група неносители, како второпласирани во групната фаза, се Клуб Бриж, Борусија Дортмунд, Ајнтрахт Франкфурт, Интер, Лајпциг, Ливерпул, Милан и ПСЖ. Првите осминафинални натпревари се закажани за 14, 15, 21 и 22 февруари, додека реваншите ќе се играат на 7, 8, 14 и 15 март идната година. Финалето е на програмата на 10 јуни на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул. ег/сп/

Остани поврзан