ЖКК „Патриот“ од Делчево ја победи екипата на „Спорт Тим“ од Неготино и обезбеди важна победа за опстанок
- Во натпревар за опстанок во Првата женска кошаркарска лига, екипата на КК „Патриот“ од Делчево го совлада „Спорт Тим“ од Неготино со убедливи 59:40.
Делчево, 8 февруари 2026 (МИА) - Во натпревар за опстанок во Првата женска кошаркарска лига, екипата на КК „Патриот“ од Делчево го совлада „Спорт Тим“ од Неготино со убедливи 59:40. Натпреварот се одигра во спортската сала „Методи Митевски – Брицо“, а шести играч на теренот беше публиката која по подолго време се врати на трибините во голем број, пружајќи дополнителна енергија за домашните кошаркарки.
Американската кошаркарка на „Патриот“, Тимберлин Крисвел, изјави дека победата е резултат на позитивната енергија која ја добиле од публиката.

-Чувствуваме огромна енергија од публиката, тоа навистина ни помогна да го контролираме темпото на натпреварот. Сите ние дадовме максимум и се трудевме да се поддржуваме меѓусебно на теренот. Оваа победа е резултат на тимската работа, рече Крисвел.
Тренерот на КК „Патриот“, Љупчо Петровски, додаде дека девојките одиграле одлично, со борбеност и посветеност кон натпреварот.
-Ова е уште една потврда дека нашиот тим расте со секој натпревар. Сега се фокусираме на следните предизвици и сакаме да продолжиме со вакви резултати, истакна Петровски.
Со оваа победа, делчевскиот тим обезбеди подобра кош-разлика за следните дуели и го зацврсти своето место во борбата за опстанок во лигата. вс/мд/