• недела, 01 септември 2024

ЖКК „Баскет Кам“ убедливо ја совлада екипата на белградски Партизан

ЖКК „Баскет Кам“ убедливо ја совлада екипата на белградски Партизан
Македонска Каменица, 16 март 2022 (МИА) - Женскиот кошаркарски клуб „Баскет Кам“ издвојува значајна победа над екипата на белградски Партизан, во натпревар што во рамки на Јадранската ВАБА лига, вечерва се одигра во спортската сала во Македонска Каменица. Во регуларниот дел од натпреварот резултатот заврши 99:84, што значеше „егал“ со натпреварот одигран во Белград, по што следеа продолженија, по кои каменичанки заслужено победија со 113:95. Натпреварот беше вистинско уживање за присутната публика која бурно ја поздрави победата на домашните кошаркарки. Со денешната победа, шампионот кој е дебитант во ВАБА лигата, го освои деветтото место, што според стручниот штаб е показател дека клубот успешно се етаблира и на меѓународна сцена. вс/ки/

Остани поврзан