• недела, 24 ноември 2024

ЖКК „Бадел 1862“ на осмиот натпревар забележа осма победа

ЖКК „Бадел 1862“ на осмиот натпревар забележа осма победа
Скопје, 11 март 2021 (МИА) - Кошаркарките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода со уште една голема победа повторно го потврдија квалитетот кој го поседуваат. „Баделки“ на гостински терен во Кавадарци, со огромна резултатска разлика 87:18 (30:6, 30:5, 9:3, 18:4) ја совладаа екипата на ЖКК „Трокал“, соопштија од таборот на Бадел. Со овој резултат, на осмиот натпревар од групата Запад тие ја забележаа осмата победа. Од „жолто - сините“, најефикасна на натпреварот беше Стојановска со постигнати 23 поени. Успешно враќање по едномесечната пауза имаше Цветанка Димова, која постигна 20 поени. Голем придонес за победата дадоа и Марковска со постигнати 9 поени, Максимовска со 7, Блажевска и Димитријевиќ со по 5 поени, Лазаревска и Николова со по 4, Даниловска 2 и Цветановска 1 поен. Во поразената екипа најефикасна беше Тодорова со пет постигнати поени. зс/

Остани поврзан