• четврток, 26 декември 2024

Жичницата на Водно денеска ќе работи до 17:30 часот

Жичницата на Водно денеска ќе работи до 17:30 часот
Скопје, 19 мај 2022 (МИА) - Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје соопшти дека Жичницата на Водно денеска ќе работи до 17:30 часот поради редовни планирани тестирања. Оттаму информираат дека од утре Жичницата повторно ќе работи со вообичаеното работно време, односно од 10 до 20 часот, согласно Одлуката за работно време во периодот мај – септември. Од ЈСП потсетуваат дека во период од 19 до 19:30 часот е последно возење од долу кон врвот на Водно, односно во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу и дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, Жичницата не работи. сх/ац/

Остани поврзан