• четврток, 26 декември 2024

Жичарницата на Водно од утре ќе работи од 10 до 17 часот

Жичарницата на Водно од утре ќе работи од 10 до 17 часот

Скопје, 31 октомври 2023 (МИА) - Жичарницата на Водно од утре ќе работи по зимски  режим, односно, од 10 до 17 часот, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје.

-Во период 16:00 до 16:30 часот ќе биде последно возење од долу кон врвот, односно, во 16:45 часот од врвот надолу, соопштија од ЈСП.

Ова работно време ќе се применува до март 2024 година.

Од ЈСП Скопје информираат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот се неработни денови за жичарницата. љм/дма/

Фото: ЈСП Скопје

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан