Жител од Ваташа тешко повреден при извршување работни задачи во фабрика во Кавадарци
- Според пријавеното, тој се здобил со повредата додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци.
Кавадарци, 23 јануари 2026 (МИА) - Во ОВР - Кавадарци вчера е пријавено дека во кавадаречката Општа болница со тешка телесна повреда бил донесен А.М., на возраст од 34 години од село Ваташа, кавадерчко.
Според пријавеното, тој се здобил со повредата додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
За настанот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа од ОВР - Кавадарци. свд/дма/
Фото: МИА архива