• четврток, 12 февруари 2026

Жител на неготинско село обвинет дека со дрвен предмет се заканувал на татко си

Жител на неготинско село обвинет дека со дрвен предмет се заканувал на татко си

Неготино, 4 февруари 2026 (МИА) - Жител на неготинско село бил пријавен во полиција дека со дрвен предмет му се заканувал на неговиот татко, по што бил лишен од слобода.

- Вчера во 18:50 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино лишија од слобода 31-годишник од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава дека во домот му упатувал закани на неговиот 53-годишен татко, со употреба на дрвен предмет. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи -  Велес. свд/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан