• сабота, 23 ноември 2024

Жител на Градско во казино бил нападнат од жител на село Виничани

Жител на Градско во казино бил нападнат од жител на село Виничани
Велес, 23 ноември 2020 (МИА) - Едно лице од Градско пријавил дека  бил физички нападнат во казино од еден жител од селото Виничани.

- Вчера  во 17:35 часот во Полициската станица Велес, 27-годишниот  Д.И. од Градско пријавил дека околу 17:15 часот во казино во Градско бил физички нападнат од 31-годишниот  Г.В. од с.Виничани, Општина Градско, соопштуваат од СВР - Велес.

Од СВР - Велес информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.ад/фф/

Остани поврзан