• четврток, 26 декември 2024

Жител на велешко обвинет за предизвикување општа опасност со опожарување

Жител на велешко обвинет за предизвикување општа опасност со опожарување

Велес, 24 јули 2024 (МИА) - Основното jавно oбвинителство Велес поднесе oбвинителен предлог против 25-годишен жител  од велешкото село Горно Оризари за кривично дело „предизвикување општа опасност“ според член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопштуваат  од ОЈО Велес, обвинетиот  на 21 јули годинава, на дива депонија во селото, со умисла предизвикал пожар, палејќи стари седишта од автомобил. Бидејќи местото било обраснато со сува трева, а на депонијата имало и бали суво сено и други предмети, огнот брзо се проширил. Со тоа обвинетиот предизвикал значителна опасност по животот и телото на луѓето и по имотот во околните села. Опасноста да биде предизвикана штета од големи размери со ваквите дејствија на обвинетиот е особено изразена со оглед на алармантната состојба со пожарите во околината на Велес и на територијата на целата држава.

Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Велес доставил предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото. Судот го прифатил предлогот и ја определи бараната притворска мерка. ад/дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан