• сабота, 28 декември 2024

Жители од Вранештица лично му го честитаа изборот за викарен епископ на архимандрит Партениј

Жители од Вранештица лично му го честитаа изборот за викарен епископ на архимандрит Партениј
Дебар, 27 мај 2020 (МИА) - Група млади жители на славното и херојско село Вранештица, Кичевско, денеска престојуваа во Бигорската обител, за од името на жителите на селото, на архимандрит Партениј лично да му го честитаат изборот за нов епископ антаниски. - Радоста што извираше од нивните насмеани лица го одразуваше нивното искрено задоволство од тоа што нивниот духовен татко наскоро ќе стапи во возвишениот архиерејски чин. Вранештичани уште еднаш ја докажаа својата безрезервна љубов и верност кон православното предание, кон Бигорската светиња и кон својот духовен раководител, отец Партениј, кој за нив и за севкупниот живот на селото има посебно значење, информираа од Нигорскиот манастир. Додаваат дека на средбата со отец Партениј, тие прочитале и писмо со честитки од името на сите жители на Вранештица. - Мило ни е што лично Ве познавме, почитуван отец Партениј, затоа што Вие ни помогнавте да разбереме многу, како за нашата преубава христијанска вера, така и општо, за животот, во ова турбулентно време и во овој многу трнлив живот за сите нас.Секогаш, ама баш секогаш, почитуван отец Партениј, Вам и на Вашето монаштво, на сестринствата од Пречиста, Кнежино и Рајчица, сме стоеле и стоиме на располагање за било каква работа и помош и тоа со голема љубов и радост. Нема зборови со кои би можеле да ја искажеме Вашата добрина и и нашатра љубов што ги чувствуваме! Да сте живи и здрави! На многаја лета, наш отец Партениј! Со љубов од духовното ви стадо од село Вранештица, стои меѓу другото во писмото од името на сите жители на Вранештица. Отец Партениј најтопло и сесрдечно им се заблагодарил на жителите на Вранештица, ги благословил со татковска љубов и меѓу другото, им рекол дека нивната радост, светлината во нивните очи и напредокот во духовноста, за него се најголемата награда. вт/мс/

Остани поврзан