• четврток, 26 декември 2024

Жителите на северен Израел советувани да останат блиску до засолништата од бомби

Жителите на северен Израел советувани да останат блиску до засолништата од бомби

Тел Авив, 6 август 2024 (МИА)  - Локалните власти ги повикуваат жителите на неколку заедници во северен Израел да останат блиску до засолништата од бомби поради зголемените тензии во регионот, јави ДПА.

Барањето е упатено до оние кои живеат во Нахарија, град на околу 10 километри од границата со Либан, како и на заедниците во близина на Голанската висорамнина, објавија израелските медиуми.

Тензиите се високи по целните убиства минатата недела на воениот командант на Хезболах Фуад Шукр во Бејрут и на шефот на Хамас Исмаил Ханије во Техеран. Двете групи имаат длабоки врски со Иран.

Како одговор, Иран, како и Хамас, Јеменските хути и милицијата Хезболах, ветија дека ќе извршат казнен напад врз Израел. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан