• сабота, 16 ноември 2024

Жителите на општина Зрновци добија фитнес зона на отворено

Жителите на општина Зрновци добија фитнес зона на отворено

Кочани, 11 ноември 2024 (МИА) – Жителите на општина Зрновци добија комплетно уреден простор за рекреација во рамки на проектот „Фитнес зона на отворено“ што се наоѓа во близина на Етно паркот на влезот во општинскиот центар.

Фитнес зоната е изградена на земјиште во државна сопственост и за уредувањето и опремувањето инвестирани се околу 800 илјади денари, што Локалната самоуправа ги доби како грант од Амбасадата на НР Кина. Дополнително кофинансираше и средства од сопствениот буџет.

-За само три месеци обезбедивме соодветно катче за спортување и рекреација за нашите сограѓани, а благодарни сме што нашата идеја наиде на поддршка од Кинеската амбасада која донираше половина од сумата за набавка на справите за вежбање. Уредувањето на просторот и поставувањето соодветна подлога го реализираше ЈКП „Водна кула“ од Зрновци со сопствена механизација и работници, а трошоците ги покривме со средства од Општината, истакна градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.

Просторот за фитнес зафаќа површина од 200 квадратни метри и заедно со мултинаменското игралиште што е во непосредна близина, ги комплетира условите за слободно спортување и рекреирање. та/мд/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан