• петок, 27 декември 2024

Жителите на Лавов советувани да не паничат, редици пред банките за вадење пари

Жителите на Лавов советувани да не паничат, редици пред банките за вадење пари
Киев, 24 февруари 2022 (МИА) - Жителите на Лавов, западна Украина, беа советувани од локалните власти изутринава, да не паничат. Според локалните извештаи, ова следува по рускиот напад врз земјата. Властите во градот им укажаа на граѓаните да ги исклучат светлата и да најдат засолниште, информираше локална телевизија. Тие, исто така, би требало да ги земат со себе поважните документи. Си-Ен-Ен јави за активирани сирени во градот и дека граѓани како стојат во ред пред банките, со цел да извадат пари. Претходно, некои дипломати се преселија во Лавов, град што се наоѓа на околу 70 километри од границата со Полска. На ваков чекор се одлучија, додека растеше стравот од рускиот напад на Украина да го вклучи и Киев. бд/зш/

Остани поврзан