• понеделник, 29 јули 2024

Жителите на карбинските села Таринци и Нов Караорман се против копање на јама за уништување на 9.000 свињи 

Жителите на карбинските села Таринци и Нов Караорман се против копање на јама за уништување на 9.000 свињи 

Карбинци, 1 септември 2023 (МИА) - Во најголемата приватна фарма во карбинскиот регион треба да се уништат 9.000 свињи, откако пред осум дена е забележано кај девет свињи болеста Африканска чума, потврди и Агенцијата за храна и ветеринарство. Жителите на селата Таринци и Нов Караорман  и градоначалникот на Општина Карбинци синоќа не дозволија да се копа јама за животните кои треба да се уништат. Сметаат дека ќе им се загадат подземните води, но и ќе влијае и врз нивното здравје. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов вели дека постапката за уништувањето на деветте илјади свињи е стопирана, бидејќи приватната фирма, но и надлежните институции немале одобренија и анализа дали локацијата одговара за толкава голема гробница. Тој смета дека од институциите  проупустот е направен во минатото.

- Пропустот е направен во минатотот. Од институциите издадена е А интегрирана дозвола, без  да се предвиди локација за ваквов случај е пропуст за кој некој треба да сноси одговорност во следниот период, вели Паунов. 

Од Агенцијата за храна и ветеринарство во писменото соопштение велат дека оваа постапка мора да се изврши, а општината  има законска обврска да обезбеди локација за јама, најблиску можна до жариштето. За оние кои ќе го спречат уништувањето согласно Кривичниот законик предвидена е парична казна, но и затворска.

-Како одговорна институција за здравствената заштита на животните,  апелираме брзо да се реагира од страна на локалната самоуправа бидејќи станува збор за болест која брзо се шири и која нанесува големи финансиски загуби. Неминовно е одговорно однесување и од страна на сточарите и од локалните самоуправи, се вели во писменото соопштение на АХВ. 

Карбинскиот градоначалник, Паунов со одговор дека до општината не е пристигнато никакво писмено барање. Најави дека ќе го свика Советот на Општина Карбинци и ќе се анкетира месното население за локацијата. Тој вели дека во Карбинци има  две локации за закопување на мртви животни, но тие не се соодветни за оваа  болеста и за 9.000 свињи. вдј/аа/

Фото: МИА  

Остани поврзан