• среда, 25 декември 2024

Жителите на Кан Јунис се жалат дека ИДФ ги прекопала гробовите на палестинските гробишта

Жителите на Кан Јунис се жалат дека ИДФ ги прекопала гробовите на палестинските гробишта

Газа, 5  август 20214 (МИА) - Жителите на градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа изјавија дека израелските војници постојано ископувале гробници на гробиштата Бани Сухаил во палестинската енклава.

Израелската армија не ги коментираше овие тврдења, но претходно сooпшти дека гробиштата се прекопани со цел да се најде и уништи тунелот во кој се наоѓа командниот центар на палестинската милитантна група Хамас. 

Според Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд, сквернавењето на гробовите претставува воено злосторство. Поради израелските воздушни напади, големите гробишта во Газа станаа опасни, па семејствата своите мртви ги погребуваат на неформални гробишта.

Гробиштата во Кан Јунис беа оштетени неколку пати од израелските воздушни напади, како и за време на копнените операции, изјавија локалните жители.

Конфликтот во Газа избувна во октомври минатата година, откако милитантите на Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел, убивајќи 1.200 луѓе и земајќи повеќе од 250 заложници. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан