• среда, 25 декември 2024

Жителите на Белорусија мора да добијат дозвола од Минск за да живеат во странство

Жителите на Белорусија мора да добијат дозвола од Минск за да живеат во странство

Минск, 23 ноември 2023 (МИА) - Жителите на Белорусија кои сакаат да живеат во друга земја мора да поднесат барање до миграциските власти во Минск, се вели во владиниот декрет објавен денеска, јави ДПА.

Канцеларијата потоа ќе го разгледа случајот и ќе донесе одлука во рок од 35 дена врз основа на информации за даночните обврски, задолжителниот воен рок и претходните пресуди. Претходно, граѓаните требаше само да го информираат белорускиот конзулат во дадена земја за дозволата за престој добиена таму.

Авторитарната поранешна советска република ја зајакнува контролата врз луѓето кои живеат во странство, забележува ДПА.

Неодамна граѓаните беа информирани дека нивните лични документи ќе може да се издаваат само во Белорусија, а не во странство. Ова значи дека жителите на земјата ќе мора да се враќаат во Белорусија најмалку еднаш на секои десет години за да ги обноват своите документи.

Белоруските државјани кои живеат во странство се околу 1,5 милиони, а некои од нив избегаа поради репресијата на лидерот на земјата Александар Лукашенко, јави ДПА.

Населението на Белорусија е нешто повеќе од девет милиони жители. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан