• вторник, 12 ноември 2024

Жиру за повлекувањето од француската репрезентација: Време е да се сврти страницата

Жиру за повлекувањето од француската репрезентација: Време е да се сврти страницата

Париз, 16 јули 2024 (МИА) - Репрезентативниот напаѓач на Франција, Оливие Жиру на социјалните мрежи го објави своето повлекување од националниот тим.

- Време е да ја свртиме страницата... Продолжувам кон други авантури. Отсега јас сум првиот фан на „триколорите“. Француската репрезентација на која служев 13 години, засекогаш ќе остане во моето срце. Ова е мојата најголема гордост и најубав спомен, напиша Жиру.

Триесет и седумгодишниот фудбалер го одигра последниот натпревар за француската репрезентација на Евро 2024 - во полуфиналето на турнирот против Шпанија (1:2). На овој натпревар одигра 16 минути. 

Вкупно, Жиру на ЕП учествуваше на четири натпревари, не постигна гол.

Жиру во кариерата одигра 137 натпревари за француската репрезентација и постигна 57 голови. Тој е водечки стрелец во историјата на националниот тим. Со „триколорите“ напаѓачот го освои Светското првенство во 2018 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан