• среда, 25 декември 2024

Жиру е најстариот автор на покер во историјата на Лигата на шампионите

Жиру е најстариот автор на покер во историјата на Лигата на шампионите
Севиља, 3 декември 2020 (МИА) – Фудбалерот на Челзи, Оливие Жиру постигна четири  гола на натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против Севилја. Тој е првиот автор на покер за „сините“ од Лондон во последните 10 години. Воедно, Французинот со 34 години и 63 дена, стана најстариот творец на покер во историјата на елитното фудбалско натпреварување. Челзи ја совлада Севиља со 4:0 и го обезбеди првото место во Е-групата. Претходниот за Челзи четири гола има дадено сегашниот тренер Френк Лампард, во март 2010 година против Астон Вила. зс/

Остани поврзан