• сабота, 28 декември 2024

Жика Стојановски независен кандидат за градоначалник на општина Илинден

Жика Стојановски независен кандидат за градоначалник на општина Илинден
Скопје, 22 август 2021 (МИА) - Актуелниот градоначалник на општина Илинден Жика Стојановски денеска потврди дека на локалните избори во октомври ќе се обиде да ја задржи градоначалничката функција поради, како што вели, резултати што ја прават општината една од најуспешните на национално ниво во однос на одржливиот економски раст и развој. Стојановски информира дека неговата кандидатура како независен кандидат за градоначалник е потврдена и дека за само неколку часа собрани се повеќе од потребниот број на потписи во канцеларијата на Државна Изборна Комисија. -Со кандидатурата за градоначалник следува листа на кандидати за членови на општинскиот Совет, тоа се добри и чесни луѓе кои знаат како храбро и сигурно да се соочат со проблемите на секое населено место и секој поединец, вели Стојановски. бк/цр

Остани поврзан