Жизел Пелико: „Мачо“ општеството мора да го промени ставот за силување
- Во завршната изјава пред судот, таа рече: „Време е т.н. мачо, патријархално општество кое го тривијализира силувањето да се промени ... Време е да го промениме начинот на кој гледаме на силувањето“, пренесува Гардијан.
Париз, 19 ноември 2024 (МИА) - Жизел Пелико, која била дрогирана од својот сопруг и наводно силувана од десетици мажи кои тој ги повикувал во нивната спална соба повеќе од една деценија, пред судот во Авињон изјави дека „мачо општество мора да го промени својот став за силување“.
Во завршната изјава пред судот, таа рече: „Време е т.н. мачо, патријархално општество кое го тривијализира силувањето да се промени ... Време е да го промениме начинот на кој гледаме на силувањето“, пренесува Гардијан.
На судење се наоѓаат вкупно 51 маж за силувањето на Пелико, чиј тогашно сопруг, Доминик Пелико, ставал апчиња за спиење и лекови против анксиозност во нејзината храна, па потоа ги повикувал непознатите мажи да ја силуваат додека таа била во несвесна состојба во период од девет години (2011–2020). Доминик ги призна обвиненијата, изјавувајќи: „Јас сум силувач.“
Некои од обвинетите признаваат силување, додека други го негираат, тврдејќи дека не знаеле дека Пелико била дрогирана, и покрај видео докази каде таа се гледа во несвесна состојба.
Жизел Пелико (72), поранешна менаџерка за логистика, стана феминистичка хероина инсистирајќи дека судењето треба да биде јавно за да се подигне свеста за користењето на дроги за силување. - Не ние треба да се срамиме, туку тие, потенцираше таа.
Таа пред францускиот суд денеска изјави дека слушнала во судот оти е „речиси банално“ таа да била силувана. - Видов како луѓе заземаат став кои го негираат силувањето и некои кои го признаваат тоа. Сакам да им кажам на овие луѓе: кога влеговте во таа спална соба, во кој момент Мадам Пелико ви даде согласност? рече таа зборувајќи за себе во трето лице.
„Во кој момент станавте свесни за ова инертно тело? Во кој момент сфативте дека се случува нешто што не е нормално? Дали веднаш заминавте? Во кој момент не пријавивте во полиција?“
Таа рече дека морала да ги слуша пријателите на обвинетите кои доаѓале на суд за да тврдат дека обвинетите отсекогаш биле „почитувани“ луѓе во нивниот секојдневен живот. „Во кој момент тие беа со почит [кон мене]? праша Жизел Пелико.
Таа рече дека ова е судење за „кукавичлук“ - што имплицира дека општеството треба да биде похрабро кога ќе се соочи со реалноста на силувањето. За 51 маж на судењето, таа рече: „За мене сите се виновни. Не е мое да судам, судот ќе си ја заврши работата“.
- Изгубив 10 години од мојот живот што никогаш нема да ги надоместам… Оваа лузна никогаш нема да зарасне. Таа никогаш нема да „најде мир“ поради тоа што се случило, рече таа, додавајќи дека 51 маж ја „извалкале“. - Ќе морам да живеам со тоа цел живот, посочи Пелико.
На прашањето за Доминик Пелико кој пред судот кажа дека имал тешко детство и дека бил силуван на деветгодишна возраст, таа рече дека му верува. Но Жизел Пелико, чија мајка починала кога била многу млада, изјави: Каква и да е траума низ која поминувате во детството – а јас ги имам, иако можеби не исти – има момент кога избирате кои ќе бидете во животот. . Одиш десно или лево, стануваш криминалец или не. Сите ние го правиме нашиот избор“.
Доминик Пелико му кажа на судот дека ја силувал Жизел Пелико околу два до три пати неделно. Запрашана да го коментира ова, таа рече: „Мислам дека тоа мора да било на крајот [на деценијата на злоупотреба]. Затоа што моето тело немаше да издржи“. Таа рече дека дознала дека непосредно пред неговото апсење во октомври 2020 година, тој довел мажи за да ја силуваат три пати за нешто повеќе од две недели. „Мислам дека беше време ова да престане“.
На прашањето дали Доминик Пелико (71) се чувствувал фрустриран во нивниот брак, таа рече дека „имаше многу фантазии што не можев да ги исполнам“, но тоа не значи дека требало да ја дрогира и силува.
„Зошто дојде до ова? Мислам дека она што тој го сакаше беше Мадам Пелико, а не некој друг“, додаде таа. „Бидејќи не сакав да одам во свингерски клуб, тој мислеше дека го нашол решението со тоа што ќе ме заспие“.
Судењето продолжува до 20 декември. ссм/
фото: ЕПА