• среда, 25 декември 2024

Жизел Бундшен ги минува првите денови од 2024 година со родителите и петте сестри

Жизел Бундшен ги минува првите денови од 2024 година со родителите и петте сестри

Бразилија, 9 јануари 2024 (МИА) - Бразилската манекенка Жизел Бундшен никогаш не ја криела својата среќа што пораснала во големо семејство, и како што повеќепати истакнува, сè уште е поврзана и исклучително блиска со своите родители и петте сестри.

Жизел ги минува првите денови од 2024 година во родниот Бразил. А за своето семејство говори и во мемоарите под наслов „Лекции: Мојот пат до смислата на живот“, каде што истакнува дека „го имала најдоброто детство“ на светот.

„Кога растев во Хоризонтина, секогаш бевме ние шесте девојки на масата - шест гласови кои се надвикуваат кога разговараат, се смеат или едноставно - не се согласуваат во еден миг. Затоа, татко ми објави правило - ако една од нас сака нешто да каже, прво мора да крене рака“, пишува Бундшен.

На семејната фотографија објавена на Инстаграм, манекенката позира со мајка си Ванија и таткото Валдир, и сите пет сестри - Ракел, Грациела, Габриела, Рафаела и Патриција. си/паг/

Фото: Инстаграм

Остани поврзан