• сабота, 23 ноември 2024

Животот и делото на Ченто преку фотографии претставени во Охрид

Животот и делото на Ченто преку фотографии претставени во Охрид
Охрид, 18 ноември 2022 (МИА) - Животот и делото на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов - Ченто прикажан низ 250 фотографии со кратки информации за 150 настани беше изложен денеска во Спомен-куќата на Христо Узунов во Охрид. Изложбата насловена „Ченто - биографија низ фотографија“ на Рубинчо Белчески ја отворија директорите на Охридскиот и Прилепскиот музеј, Катерина Велкоска и Горан Цветкоски. Посетителите, како што истакна Велкоска, на 250 хронолошки поставени фотографии ќе можат да го видат животот и делото на Ченто, од неговото детство, предвоениот, воениот и периодот по ослободувањето, се до неговата смрт, како и фотографии на дела создадени за него. - Содржините од изложбата збогатени со кратки информации на 150 настани, кои ги дообјаснуваат „замрзнатите“ моменти од фотографиите, неколку текстови на авторот и делови од говори, мисли и изјави на Ченто, ја прават фотомонографијата, која го заокружи проектот, посочи Велкоска. Изложбата ја организираат музеите од Прилеп и од Охрид по повод 120 години од раѓањето и 65 години од смртта на Методија Андонов - Ченто, а пред охридската публика ќе биде достапна секој работен ден до 30 ноември годинава. сс/мд/

Остани поврзан