• понеделник, 29 јули 2024

Жесус неизвесен за куп-натпреварот со Ливерпул поради проблеми со коленото

Жесус неизвесен за куп-натпреварот со Ливерпул поради проблеми со коленото

Лондон, 7 јануари 2024 (МИА) – Фудбалерот на Арсенал, Габриел Жесус може да го пропушти денешниот натпревар со Ливерпул.

Арсенал од 17:30 часот ќе го пречека Ливерпул во 3. коло од ФА Купот.

Според „Дејли мејл“, Жезус се здобил со повреда на коленото. Засега не се знае од колкав обем е повредата, но речиси сигурно напаѓачот нема да настапи на денешниот натпревар.

Жезус во Арсенал дојде од Манчестер сити во 2022 година и е еден од најбитните фудбалери во ростерот на тренерот Микел Артета. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан