• четврток, 26 декември 2024

Женско рели по повод Меѓународниот ден на жената

Женско рели по повод Меѓународниот ден на жената
Скопје, 5 март 2020 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март, автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ) и клубовите членки на АФМ во сабота ќе го организираат популарното „Женско рели 2020“. Како што наведуваат организаторите, првиот екипаж ќе почне во 10:30 часот од Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Учеството за сите екипажи е бесплатно, но ќе учествуваат со сопствено возило.

-Релито ќе се состои од два етапи. Првата етапа е возење по патна книга со зададено максимално време и задолжително поминување на контролни точки низ улиците во Скопје. Втората етапа е брзински испит во вешто возење т.н. гимкана кој ќе се одржи кај Спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје, соопшти АФМ.

Според правилникот, учесничките ќе бидат поделени во четири класи во зависност од кубикажата на возилата. За сите учеснички, од АФМ наведуваат дека се предвидени изненадувања и награди од организаторот и покровителите на манифестацијата, а за најдобрите по класи ќе има свечено прогласување во ресторанот Ден и ноќ.

Најавено е учество на десетина возила од Косово.бт/са/

Остани поврзан