• петок, 27 декември 2024

Женското ЕУРО 2022 најгледано во историјата

Женското ЕУРО 2022 најгледано во историјата
Нион, 31 август 2022 (МИА) - Европското фудбалско првенство 2022 за жени било најгледано издание досега со бројка од 365 милиони гледачи кои во живо ги следеле натпреварите, објави денеска УЕФА. Гледаноста на овој турнир, кој го освоија Англичанките со триумфот во финалето над Германија, е за двојно поголема во однос на изданието во 2017 (178 милиони милиони) и 214 отсто повисока отколку во 2013 година (116 милиони). Само финалниот натпревар во живо го следеле 50 милиони гледачи ширум светот, што е за над трипати повеќе од финалето во 2017 година. Податоците за гледаноста на женското ЕУРО2022 се пресметани врз основа следење на преносите на телевизија во домашна атмосфера, во надворешни објекти и преку стриминг. ег/ми/

Остани поврзан