• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Женски прволигашки натпревар за прв пат во Делчево

Женски прволигашки натпревар за прв пат во Делчево

Делчево, 12 април 2025 (МИА) - Во Делчево денеска за прв пат ќе се одигра натпревар во женски фудбал. На градскиот стадион „Гоце Делчев“ силите ќе ги одмерат екипите на ЖФК „Каменица Саса“ и ЖФК „АС Јунајтед“.

-Ова е прв историски натпревар во фудбал за жени што ќе се одигра во Делчево. Целта е популаризација и развој на женскиот фудбал во регионот, се вели во најавата за натпреварот.

Натпреварот е закажан за 16:30 часот, а од клубот упатија отворена покана до сите вљубеници во спортот и фудбалот да бидат дел од овој спектакл кој за прв пат се случува во Делчево.

Женскиот прволигаш Каменица Саса се наоѓа на третата позиција на табелата со 37 бодови, а пред неа на табелата се екипите на Тиверија Брера со 41 и Љуботен со 43 поени. вс/

Фото: ЖФК Каменица Саса

Остани поврзан